Фрчат казни низ Скопје: Се вози без возачка дозвола, под дејство на алкохол и побрзо од дозволеното

news
Advertisement

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, осум мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за возење над дозволеното, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Advertisement

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, изречени се пет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, четири мерки за користење мобилен телефон…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.