ФРЧКОСКИ ВО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈА ГЛАСАЛ ВОЗДРЖАНО ЗА ИТНО ПРИМИРЈЕ ВО ГАЗА – еве како се изјаснија другите балкански држви за Резолуцијата на Јордан

news
Advertisement

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во појасот Газа.

Advertisement

Македонија, пак, беше воздржана. Наш претставик е поранешниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски.

Резолуцијата која беше предлог на Јордан, е усвоена со 120 гласа „за“ , со 14 “против“ и со 45 „воздржани“. Од нашиот регион, Словенија, БиХ и Црна Гора гласаа за резолуцијата, Хрватска беше против, додека Србија, Албанија, Македонија, Бугарија и Грција биле воздржани.

Критичарите сметаат дека со ваквото гласање, претставниците на Македонија навлекоа срам, покажаа свирепост, незаинтересираност за туѓата болка и за спасување на човечки животи.

Премиерот Димитар Ковачевски на 24 октомври порача дека решавањето на конфликтите без насилство, хуманоста, заедништвото и сплотеноста, вредности врз коишто почива ООН, нека се водилка за обезбедување мир во светот и благосостојба на сите народи. Ваквото гласање е спротивно на принципите на Владата.

Алтернатива со соопштение реагира на веста дека Македонија во Обединетите нации гласала воздржано за резолуцијата за хуманитарен прекин на огнот во израелско-палестинскиот воен судир и се огради од тој став. Со воздржаниот глас политичкиот субјект кој го раководи Министерството за надворешни работи и македонската власт во целина, докажаа дека се за војна и насилство иако цивилните животи и мирот треба да се над сѐ, се вели во реакцијата на Алтернатива.

Вечерва, кога во организацијата на Обединетите нации, на предлог на Јордан, 120 земји во светот гласаа за резолуцијата за хуманитарен прекин на огнот, Македонија, за жал, беше воздржана, а 14 земји беа против, наведува Алтернатива и нагласува дека Македонија не најде храброст да ја поддржи оваа резолуција.
„Ова е причината поради која Алтернатива се оградува од воздржаниот глас на Северна Македонија и го оценува како глас против мирот, против прекинот на огнот и против хуманитарна помош за загрозените цивили во Појасот Газа. Знаеме дека тоа е направено по инструкции на Министерството за надворешни работи и тој факт значи дека министерот за надворешни работи и субјектот кого тој го застапува, како и власта во целина, се сервилни и се во состојба да поддржат насилство и војна. Се разбира, и покрај ваквиот глас на Северна Македонија, Алтернатива ја поддржува донесената резолуција во Обединетите нации, за која гласаа и земји како Франција, Белгија, Швајцарија, Словенија итн., кои повикаа да се прекинат борбите во Појасот Газа и да му се даде шанса на дијалогот. Цивилните животи треба да се над сѐ“, се вели во реакцијата на Алтернатива.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.