Фуркан Салију: Системот го создаде детето убиец

news
Advertisement

Пишува новинарот Фуркан Салију
-На 3 октомври 2018, четворица ученици фрлаат дете од прозор а другите деца снимаат
-На 26 ноември младо 17 годишно девојче за лајк повеќе на тикток, се качило на вагон и едвај преживеа од струјниот удар но заврши со висок степен и процент на изгореници по телото.

Advertisement

-На 25 февруари годинава, 14 годишно девојче почина снимајќи тикток видео исто на вагон.
-На 2 август ученик се самоуби, иако имаше информации точната причина никогаш не беше разјаснета пред јавноста
И додека нормалните земји трошат огромни ресурси за да му објаснат на младиот човек дека има разлика од онлајн и реалниот свет и гласно се збори за ризикот од социјалните мрежи, кај нас фаќаме сеир и создаваме ѕвезди од лудаци. Што поголем лудак, толку поголема ѕвезда.

И овој Балкански свет кој по се е посебен, создава 14 годишник кој што прецизно планира како да убие соученици.
И сега што е битно за една Балканска власт….? Битно е да се обвинат родителите, соучениците, ако може да се извади документ дека Коста бил во тешка депресија и имал психички проблеми би било супер ама никој да не рече дека системот го создаде Никола. Нефункционалниот образовен систем. Систем каде што можеш да дипломираш без да научиш ништо. Систем кој што ти дава диплома за одреден смер но за период од 16 години те учи дека без корупција не можеш да дипломираш. Ќе те научи дека правилата важат само за оние кои немаа моќни родители. Ќе те натера да сфатиш дека твојот труд се вреднува според презимето. И на крај твојата диплома е безвредна тоалетна хартија без партиска книшка. И сето ова ќе го гледа и твојата ќерка, твојот син.

Во секој ученик, во секој еден од нас има потенцијален Коста, само прашање на време е кога ќе искочи на површина.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.