СОЛЗИ, ЦВЕЌЕ И СВЕЌИ ЗА ЖРТВИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО: Илјадници граѓани во центарот на Белград им оддаваат почит на убиените деца и чуварот (ВИДЕО)
На повеќе места во центарот на Белград се собраа голем број граѓани за да им оддадат почит на жртвите од денешниот масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ и да им дадат поддршка на нивните семејства.
Најмногу луѓе има на Цветни трг, каде што сега ги има неколку илјади.
Тие донесоа цвеќе и запалија свеќи за осумте убиени деца и обезбедувачот Драган Влаховиќ.
Голем број граѓани во центарот на Белград им оддаваат почит на убиените деца и портирот
Многумина не можат да ги задржат солзите…
Сообраќајот е во прекин во Краља Милано кај Цветни трг.
Луѓето се собраа во близина на училиштето каде утринава околу 8 часот и 40 минути момче уби чувар и осум ученици, а повреди уште шест деца и наставник, а потоа повика полиција која го уапси.
Граѓаните на Цветни трг им оддаваат почит на настраданите во училиштето