Хабиб ужива во пензија: Имам 93 килограми и пијам Пепси

news
Advertisement

Поранешниот УФЦ шампион во лесна категорија (до 70 кг) Хабиб Нурмагомедов се повлече од октагонот во октомври 2020 година со совршен рекорд од 29-0. Оттогаш се испроба како тренер и претседател на една промоција на боречки вештини, а во изјава за американските медиуми рече дека не пропушта активно да вежба мешовити боречки вештини.

Advertisement

Борецот од Дагестан, кој со голем успех ја претставуваше Русија во текот на својата ММА и самбо кариера, призна дека повеќе не обрнува многу внимание на исхраната.

„Во моментов имам 93 килограми или можеби 92 ако не јадев десерт претходната вечер. Кога бев активен, имав околу 85 килограми, а пред борба „намалив“ на 70. Малку се здебелив од крајот на кариерата. Една од најтешките работи во мојот живот отсекогаш беше воздржувањето од јадење. Бев на диета повеќе од 15 години. Јас сум многу религиозен, па затоа внимавав на исхраната“, вели 33-годишниот Хабиб Нурмагомедов.

„Понекогаш е тешко да не се јаде, кога на масата пред вас има храна. Мислам дека ќе живеам среќно во иднина, сега треба да тренирам секој ден по пет часа за да се вратам на 86 килограми. Ќе продолжам да бидам среќен и да пијам Пепси“, изјави легендарниот Хабиб.

Нурмагомедов е активен како тренер од неговото пензионирање, често го гледаме во аголот на Ислам Махачев, Тагир Уланбеков, Умар Нурмагомедов, Усман Нурмагомедов и други борци од Дагестан. Покрај тоа, тој е претседател на промоцијата на боречки вештини „Eagle FC“, која организира борби во Русија, поранешните советски републики и во САД.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.