ХАОС НА АЕРОДРОМОТ ВО ДУБАИ ПО РЕКОРДНИТЕ ПОПЛАВИ, ВЧЕРА ОТКАЖАНИ НАД 300 ЛЕТОВИ

news
Advertisement

Обединетите Арапски Емирати се уште се мачат со последиците од досега невидените дождови кои доведоа до застој во голем дел од земјата. Функционирањето на меѓународниот аеродром во Дубаи, еден од најпрометните на светот, и натаму е нарушено откако невремето во вторникот ја поплави пистата, што резултираше со пренасочување, одложувања и откажувања на летови.

Advertisement

Аеродромот утрово соопшти дека почнал да прима влезни летови на Терминалот 1, што го користат странските авиопревозници, но дека летовите и натаму се одложуваат. Авиокомпанијата „Емирејтс“, која е најголемиот корисник на аеродромот, објави дека утрово повторно ќе почне со пријавувањето на патниците, одложувајќи ја одлуката за цели девет часа.

Вчера беа откажани околу 300 летови на аеродромот, а уште стотици беа одложени. Од аеродромот, кој лани услужил повеќе од 80 милиони патници, помалку само од Атланта, предупредија дека за закрепнувањето ќе биде потребно некое време.

Аеродромот се мачи и да им обезбеди храна на заглавените патници зашто околните патишта се поплавени.

Властите најавија дека ќе има уште грмежи, поројни дождови и силни ветрови. Во најголемото невреме откако почнале да се вршат мерења во 1939 година загинаа 20 лица во Оман и едно во ОАЕ, а бројни ниски области се под вода.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.