Хаос на патот Прилеп – Градско: Не застанал на наредба на полицијата, удрил полицаец, па побегнал

news
Advertisement

На 27.10.2023 на патниот правец Прилеп – Градско околу 00.30 часот патничко моторно возило „фолксваген голф 5“ не застанало на претходно издадени наредби од полициски службеници за сопирање на возилото и при тоа удрило еден од полициските службеници. Од страна на полициските службеници биле испукани куршуми, но возилото не застанало и го напуштило местото. Подоцна возилото е пронајдено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.