Халими „слета“ во фотељата на АД „Аеродроми“

news
Advertisement

Грaдoначалничка, инспекторка па директорка… Вака изгледа професионалната кариера во локалната самоуправа а потоа во државната администрација на Меликије Халими, партиски кадар на владеачката СДСМ. Иако без позначителни проекти како градоначалничка на Арачиново, без информација за работните активности, подвизи и дострели како инспектор во царинската Управа, таа сега ќе раководи со државното акционерско друштво „Аеродроми на Република Северна Македонија“ кое стопанисува со двата аеродроми во државата.

Advertisement

Халими беше „прв пик“ на Владата на 193 седница одржана минатиот вторник. На седницата е дадена препорака, без дополнително образложение, до Надзорниот одбор на АД „Аеродроми на РСМ“ да го разреши актуелниот директор Трајче Ангеловски и да ја назначи Халими за директор.

Халими пак вчера на социјалната мрежа „фејсбук“ и се заблагодари на матичната партија СДСМ за довербата со мини план програма за приоритетите во нејизното директорување.

„ЈА СПОДЕЛУВАМ СО ВАС ВЕСТА ЗА ИМЕНУВАЊЕТО НА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНОТО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО „АЕРОДРОМИ“ НА РСМ .МУ БЛАГОДАРАМ НА ПАРТИАТА СДСМ ЗА УКАЖАНАТА ДОВЕРБА ДА РАКОВОДАМ СО ОВАА ИНСТИТУЦИЈА. ЌЕ РАБОТИМЕ И ЌЕ СЕ ФОКУСИРАМЕ НА ИНТЕГРИРАЊЕ И СКЛОПУВАЊЕ НА СИСТЕМИТЕ НА ОВАА ИНСТИТУЦИЈА СО ФОКУС НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА УСЛУГИТЕ ЗА СИТЕ КОРИСНИЦИ, КАКО И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА И ЕФЕКТИВНОСТА НА РАБОТЕЊЕТО НА ИНСТИТУЦИЈАТА ГЕНЕРАЛНО“, ПИШУВА ВО ПОСТОТ НА ХАЛИМИ.

Во официјалната информација од седницата на Владата нема податоци за препораките за именување и разрешување на функционери во државната администрација

Халими доаѓа од позицијата инспектор во сектор за контрола и истраги, а во Царината беше примена на работа на 1 октомври минатата година со договор на определено време. Интересно е што на таа позиција конкурураше со завршено средно медицинско училиште, што не е во согласност со позицијата инспектор за економски криминали, но во огласот одобрен и потпишан од тогашната директорката Кутиров не беше предвидено конкретно средно образование туку само завршено средно училиште.

Дали во меѓувреме го надогради своето образование останува непознато бидејќи не успеавме да стапиме во конакт со неа.

Пред да стапи во служба во Царината, Халими беше поразена на локалните избори во Арачиново во 2021 година каде како кандидат на СДСМ беше во трка за втор градоначалнички мандат.

Таа е првата градоначалничка во историјата на Општина Арачиново, но во текот на нејзиното раководење со општинската админстрација немаше позначителни проекти, прибирањето на таксите и даноците се броеше во стотици денари, а во екот на пандемијата со Ковид Владата и додели на општината еднократна неповратна финансиска помош во висина од половина милион евра за справување со потешкотиите во тековното работење.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.