Хаос на свадба во Тетово: Маж пукал со оружје, полиција упадна на прославата

news
Advertisement

Полицијата синоќа приведе тетовец кој пукал на свадба со оружје за кое не поседувал дозвола.

„Приведен е А.А. од тетовско Седларево, поради сомнение дека претходно, на свадбена свеченост, организирана од негов соселанец, пукал со огнено оружје и го нарушил јавниот ред и мир. Набрзо, повеќе лица кои присуствувале на свеченоста спречувале полициски службеници во вршење на службените дејствија, по што А.А. бил донесен во Полициската станица Тетово и му бил одземен пиштол „ЦЗ“ со рамка со 6 куршуми калибар 7,65 милиметри, кој го поседувал без дозвола“, соопшти МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.