Хорор во Хрватска: Татко пукал во синот, на се претходела жестока расправија

news
Advertisement

Синоќа околу 22 часот и 40 минути имало обид за убиство во месноста Ретковац во Дубрава, Загреб. Како што објавија хрватските медиуми, на се претходел вербален конфликт во дворот, по што 37-годишен маж влетал во куќата и ја затворил влезната врата, но 63-годишен член на неговото семејство испукал. Според неофицијални информации, напаѓачот и жртвата се татко и син.

Advertisement

Како што пишуваат хрватските медиуми, оружјето што било употребено при расправијата не е во законско поседување на 63-годишникот.

Тој испукал еднаш во правец на вратата зад која оштетениот побегнал, а куршумот ја пробил вратата и го ранил.

Полициски службеници на лице место го уапсиле пријавениот и го привеле во полициските простории, додека на оштетениот му била укажана лекарска помош во КБЦ Дубрава, каде било констатирано дека е повреден и дека неговиот живот не е во животна опасност.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.