Хоџа ги собра потписите за формирање нова партија

news
Advertisement

Доскорешниот заменик претседател на Беса, Арјанит Хоџа, објави дека успешно ги собрал потребните потписи за формирањето на новата партија.

Advertisement

„Успешно заврши собирањето потписи за регистрација на Европската демократска партија. Бескрајна благодарност до сите основачи за нивната посветеност и волја да отворат нова страница на политичко дејствување“, објави поранешниот гласноговорник на Беса и министер за земјоделство.

Според најавите, Хоџа во сабота ќе ја промовира новата Европска демократска партија, ден пред почетокот на годишнината од Рамковниот договор. Хоџа ја напушти Беса по формирањето на опозицискиот фронт, на Билал Касами (Беса), Изет Меџити („огнените“) и Африм Гаши (Алтернатива), а зад него застана и пратеникот Бастри Бајрами, по што Беса во Собранието остана со еден пратеник.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.