Хоџа: Да се прекине непотребното осветлување на Милениумскиот крст на Водно

news
Advertisement

Хоџа: Да се прекине непотребното осветлување на Милениумскиот крст на Водно

Advertisement

Генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, побара да се исклучи осветлувањето на Милениумскиот крст на врвот на Водно по примерот на одлуката на Франција повеќе да не свети Ајфеловата кула во Париз.

„Во Париз е донесена одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребни трошоци за струја особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи оваа зима. Наместо нашите лидери да ни кажуваат како да се користи струјата во домаќинствата, јас јавно предлагам да почнат да штедат и да го прекинат непотребното осветлување на Милениумскиот крст на Водно, Скопје!“, објави Хоџа на Фејсбук./netpress.com.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.