Цариникот кој замижал за пратката мобилни телефони на тапет кај царинската внатрешна контрола

news
Advertisement

Фирмата која ја увезе пратката мобилни телефони што беше запленета како и цариникот кој ја исконтролирал пратката на скопскиот аеродром се под истрага и од обвинителството и од секторот за внатрешна контрола и до крајот на идната недела ќе има правна разврска односно кривични пријави.

Advertisement

Според информациите на Телма, во рамките на истрага се проверува колку пати фирмата пријавила дека увезува нови и половни мобилни телефони и колку давачки платила на државата но и кои биле царинските службеници кои ги вршеле неопходните проверки при увозот.

Пратката од неколку илјади телефони, нови и половни беше запленета во вторникот од екипи на скопската полиција но и тим на мобилната царина со службено куче. Во пратката тешка 1.200 килограми која пристигнала од Дубаи преку Истанбул имало и ЛЦД екрани.

Комбето полно со телефони и екрани било запрено бидејќи се сомневале дека во пратката е сокриена дрога и затоа бил повикан и тимот на мобилната царина.

Од царината за Телма брифираа дека фирмата увозник платила многу пониска сума данок од реалната бидејќи за увоз на телефони и екрани не се плаќа царина. Увозникот пријавил многу помал број на нови телефони и многу поголем број на половина а цариникот кој сега е под интерна истрага според процедурата направил делумна контрола и отворил неколку пакети но не навел дека станува збор за претежно нови телефони.

Дали намерно ја пропуштил пратката утврдува внатрешната контрола на царината.

По откривањето на телефоните, комбето е пломбирано и утредента во средата е отворено кога цариниците отвораат кутија по кутија и рачно бројат колку телефони од фирмите „Самсунг“ и „Ејпл“ се увезени колку се од нив се нови и колку се половни.

Според првичните инфромации во пратката имало над четири илјади мобилни телефони чија вредност е над два милиони евра.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.