Цели ридови паднале врз автопатот Кичево-Охрид, нема да биде готов ниту годинава

news
Advertisement

Кинеската „Синохидро“ доби продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, за што ќе биде потребно да се потпише нов анекс-договор, кој ќе мора да го одобри Собранието, затоа што делницата се гради со договор кој е закон. Не се знае кога ќе биде готов иако се гради десет години.

Advertisement

Според премиерот Димитар Ковачевски, доизградбата на автопатот ќе чини повеќе од 600 милиони евра, а анализите на експертите ќе покажат колку точно ќе чини, а одлуката ќе ја кажат пратениците.

– И да се прави анекс, тој мора да биде одобрен во Собранието, бидејќи ова е автопат кој се прави со закон и само на тој начин може да се смени. Очекувам сите договори да се почитуваат и тој автопат требаше досега трипати да биде готов. Убаво треба да се анализира зошто има толку пропусти. Еве еден податок, на готови делови од автопатот пред Нова година имаше 11 свлечишта и цели ридови беа паднати врз автопатот. Треба да се прашаат проектантите како можеле да проектираат на свлечиште кое што веднаш паѓа на автопатот. Автопатот е готов 80 отсто, но свлечиштата мора да се регулираат. Од она што го гледав во проектот, кога тој е направен, една од косините е така направена што почнува од Кичево, а завршува во Албанија. Тој е проект направен со Гугл мапс – истакна премиерот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.