Цената на медот се дуплира/ Ако 1 кг Нутела е 500, зошто медот да не биде 1000 денари?

news
Advertisement

За пчеларите годинава беше една од најдобрите по количината на мед, но очигледно ќе биде добра година и по цена со оглед на тоа што 1 кг мед ќе се продава и до 20 евра, пренесува тв21. Ако до лани се продаваше за 10 евра, годинава медот поскапе за 20 до 30 отсто поради економската состојба и растот на трошоците. Се поставува прашањето, дали медот почна да станува луксуз?

Advertisement

„Цената на медот во зависност од економската логика на пчеларите треба да биде минимум 600 денари, а максимум 1200 денари. Не сакаме медот да биде луксуз, сакаме да биде достапен за широка потрошувачка и како храна, но ситуацијата го прави тоа“, изјави Ванчо Кировски, пчелар.

Пчеларите ги задоволуваат потребите од мед во земјава. Велат дека доаѓа од Кина и е послаб квалитет. Продажбата на мед се зголемува кога температурите ќе паднат и ќе почне да се појавува грип. Една пчелна колонија годишно произведува од 10 до 20 кг мед, во зависност од температурата, климата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.