Црвениот крст со апел да им помогнеме на настраданите од земјотресот во Мароко

news
Advertisement

Освен со уплата на сметката на Црвен крст, граѓаните можат да донираат и 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1

Advertisement

Црвениот крст изразува големо жалење за човечките загуби и настанатите материјални штети за катастрофалниот земјотрес во Мароко и се вклучува во објавениот апел на Меѓународната федерација за помош на настраданото население во Мароко.

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина веќе објави апел за помош во висина од 100 милиони швајцарски франци за поддршка на Мароканската црвена полумесечина во обезбедување на потребите за итно и рано закрепнување на 500.000 погодени луѓе.

„Земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала кој го погоди Мароко на 8 септември, предизвика големи разурнувања и за жал загинаа и беа повредени илјадници луѓе. Приоритетите вклучуваат обезбедување храна и безбедна вода, основни предмети за домаќинство, поддршка во засолниште, здравствени и ментални здравствени услуги и парична помош“, соопштуваат од Црвениот крст.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка, со назнака: помош за настраданото население во Мароко.

Можат да се донираат и 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

ИЗВОР: https://meta.mk/crveniot-krst-so-apel-da-im-pomogneme-na-nastradanite-od-zemjotresot-vo-maroko/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.