Чекална во Скопје за граѓаните кои 30 години чекаат почист воздух, нови учебници, влез во ЕУ, поголеми пензии

news
Advertisement

Во центарот на Скопје се појави „Чекална“ во која секој граѓанин може да седне на столче и да чека за почист воздух, нови учебници, борба против корупција, влез во ЕУ…итн.

Advertisement

-Година по година чекаме да се остварат неостварените ветувања. Всушност се нешто чекаме и станавме професионални чекачи. Токму затоа и ја изградивме оваа чекална каде секој може да си почека за она што најмногу му треба и она што му е најважно, велат од Центарот за современи уметности од Скопје кои ја спроведоа оваа креативно-активистичка акција во чест на македонските граѓани кои 30 години чекаат да се случи нешто и работите да тргнат на подобро.

Во чекалната граѓаните на Македонија можат да чекаат за борба против корупцијата, влез во ЕУ, автопатот Кичево-Охрид, парчето автопат од 500 метри кај Катланово, подобро здравство, да се заврши кружниот тек во Момин Поток, учебници за трето и шесто одделение, за ефикасно судство, целосно да се оспособи мостот Беласица, да запрат градбите на малите хидроцентрали, за чист воздух, за вистински антикризни мерки, за поголеми плати, за поголеми пензии, за колектор на Вардар, за град што личи на град, за закажување нови документи, за мој термин, за уставни измени, за да разговарате со операторот, за пониски камати, за расчистување на дивите депонии, за шахти рамни со асфалтот, за изградба на коридор 8, за пруга кон Бугарија, за нов клинички во Штип.

-Се надеваме дека по оваа акција граѓаните ќе станат уште подобри и по ревносни чекачи а партиите ќе ни дадат уште подобри ветувања чие што чекање ќе биде вистинско задоволство, порачаа активистите.

Од Центарот за современи уметности велат дека најпозитивното од оваа акција е тоа што „Чекалната“, по завршување на акцијата, ќе биде донирана за користење како стреа за автобуска станица во една рурална заедница во околината на Скопје за луѓето од тој дел да чекаат нешто што ќе го дочекаат, односно автобус.

Извор: https://www.slobodenpecat.mk/chekalna-vo-skopje-za-gragjanite-koi-30-godini-chekaat-pochist-vozduh-novi-uchebnici-vlez-vo-eu-pogolemi-penzii/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.