Член на обезбедувањето на Мицкоски нападнал колега полицаец

news
Advertisement

Член на обезбедувањето на Мицкоски нападнал колега полицаец

Advertisement

Полицаец кој не бил на должност, а кој е и дел од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ноќеска пред скопски локал нападнал колега полицаец кој пак бил дел од акција на МВР.

Добивај вести на вибер
МВР го потврди инцдентот.

„Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението.

Од опозициската партија велат дека Ивица Б. нема веќе да биде ангажиран во обезбедувањето на Мицкоски.

– Споменатото лице за кое медиумите известуваат дека било дел од инцидент е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници. По ваквиот настан, истото ќе биде отстрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претседателот на партијата. Бараме органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот, се вели в осоопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

За случајот алармираше дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев од СДСМ кој во објава на социјалните мрежи вели дека напад на полицаец е напад на државата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.