Човек е отсечен од снегот во Кавадаречко – одбива помош ако не се спасат и неговите кучиња

news
Advertisement

Во околината на Кавадарци, висината на снежната покривка е над 70 см, а едно лице кое е отсечено од цивилизацијата одбива помош, затоа што во четирициклот, со кој му е понудено да биде вратен дома, нема место за неговите две кучиња.

Advertisement

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, лицето е отсечено поради снегот, во викендичка над селото Радња, а одбило помош во понуден оштински „оффроуд“ можен превоз, бидејќи не знаел што да прави со неговите две кучиња,

– Регионалниот ЦУК Велес информира дека висината на снежна покривка изнесува до 70 сантиметри во ридско – планинскиот дел на Општина Кавадарци. Зимската служба за одржување на улици и патишта – Општина Кавадарци интервенирала со еден камион кон селата Рожден и Мајдан. Непрооден е патот до селото Радња до каде има земјен пат.

Во 15:05 часот преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиено известување дека едно лице е веќе четири дена заглавено во неговата викендица во месноста „Гатеново“ над село Радња, поради големи снежни наноси и е останат без таблети за притисок и без храна. Тоа било на четири километри по воздушна линија над селото Радња. Регионалниот ЦУК Кавадарци во 15.10 часот контактирал со лице од зимската службата и добиен е одговор дека во текот на денот исконтактирано е со лице кое се наоѓа во месноста „Гатеново“ до село Радња. Од лице од зимската службата му е понудено од таму со „четирицикл“ да го пренесат во Кавадарци. Лицето од викендицата одбило да биде пренесено со „четирицикл“, бидејќи не знаело што да прави со неговите две кучиња – соопштија од ЦУК.

Од ЦУК го исконтактирале градоначалникот Митко Јанчев кој потврдил дека поради лошиот пат и има многу искршени гранки и дрвја од снегот на патот е ризично да пратат вечерва трактор до месноста „Гатеново“.

– Од тие причини е контактирано лицето и е договорено утре по него во 06:45 часот да тргнат со трактор со нож и моторна пила за сечење гранки. Со нив ќе биде и член од семејството на лицето кое е во местото „Гетеново“ за да им го покаже патот бидејќи, се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга додаваат од ЦУК.

Над селото Радња, повисоко е месноста „Гатеново“ каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.