Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 проговори во однос на заканите кои политичарите ги добиваат.
Тој вели дека за него имало човек кој што со пушка во рака на социјалните мрежи се заканувал дека ќе го убие.
„Сега чекам да видам што се случило со човекот. Тој има име и презиме и е од тука од земјава, но сѐ уште немам никаква информација. Кога тоа ќе помине неказнето, друг ќе види и ќе си каже: еве ова поминува неказнето“, вели Ковачевски.
Според претседателот на Владата, премногу зборуваме за надлежностите за другите.
„Гледаме дека има списоци, мора да се реагира. Лани се носеа гилотини пред Собрание“, кажа Ковачевски и додава дека закани има и кон жени пратенички, но и до лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Јас ова го зборував на лидерската средба во Собрание, а на истото се жали и лидерот на опозицијата“ , додаде Ковачевски.
ИЗВОР. https://4news.mk/chovek-so-pushka-vo-raka-veli-deka-ke-me-ubie-kovachevski-dobiva-zakani-na-sotsijalnite-mrezhi/