Advertisement
Advertisement
Ќерката на поранешниот премиер Зоран Заев, Александра се пофали дека скокнала од падобран односно дека искусила скајдајвинг.
Тоа е слободен пад до активација на падобранот, најчесто на висина од 1 000 до 1 500 метри, при што скокачот пред приземјувањето дополнително ја намалува брзината на падот со активирање на механизмот кој дејствува со вертикална сила нагоре.
Александра тоа го искусила во тандем, а како реакција на истото напиша: „Чувство како никое досега“.
Оваа незаборавно животно искуство ќерката на поранешниот премиер Заева според она кое го сподели на Инстаграм стори го стекнала во Дубаи.
Р.Ж.М.
Фото: инстаграм – стори
Advertisement