Шведска најави закон со кој на граѓаните ќе им се олесни плаќањето на високите зимски сметки за струја

news
Advertisement

Шведската Влада денеска објави дека ќе усвои закон со кој ќе го принуди операторот на јавната мрежа за пренос на електрична енергија во земјата да помогне во ублажувањето на очекуваните високи сметки за електрична енергија оваа зима за шведските домаќинства и бизниси.
Премиерката Магдалена Андерсон, чија малцинска социјалдемократска Влада се соочува со парламентарни избори следниот месец, изјави дека предлогот ќе чини најмалку 30 милијарди круни (2,9 милијарди долари).

Advertisement

Таа додаде дека јавното претпријатие, задолжено за обезбедување на шведскиот електропреносен систем, ќе добие средства од 60 милијарди круни (5,8 милијарди долари).
Андерсон наведе дека мерката е неопходна со оглед на високите трошоци за енергија поради руската инвазија врз Украина. (МИА)

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.