Шолц: Сакаме Западен Балкан брзо да влезе во ЕУ, но тоа не е геополитички процес

news
Advertisement

Германскиот канцелар Олаф Шолц во Словенија изјави дека е силно за забрзување на процесот за влез на земјите од Западен Балкан во Европската унија (ЕУ), но дека секој што се надева на членство во ЕУ мора да биде свесен дека тоа е не геополитичка одлука, туку процес кој е поврзан за конкретни реформски чекори.

Advertisement

-Се сеќаваме, пред повеќе од 20 години во Солун на земјите од Западен Балкан им беше понудено членство во ЕУ, а ние навистина не стигнавме многу далеку. Затоа е важно сега да се создаде нов моментум и да постигнеме напредок во бројните прашања што се појавуваат – изјави синоќа Солц на прес-конференција со словенечкиот премиер Роберт Голоб, пренесуваат агенциите.

Шолц појасни дека тоа се однесува на решавање на билатерални конфликти, кои претставуваат пречка, се вели во транскриптот од конференцијата објавен на веб-страницата на канцеларот.

-Ова се однесува, на пример, на прашањето како да се внесе живост во процесот со Северна Македонија, за да не биде попречен од споровите на земјите-членки. Ова се однесува на прашањето Србија-Косово, а секако важи и за прашањето како да се продолжи со Босна и Херцеговина – објасни Шолц.

Затоа, како што рече, е многу благодарен за почетокот на преговорите со Босна и Херцеговина и што сега одиме по патот на кандидатскиот статус и сите можности што овој статус ги носи со себе.

Тој додаде дека ЕУ нема да стои само како набљудувач од страна, туку конкретно ќе се обиде да постигне напредок во Босна и Херцеговина со потребните реформи.

Германскиот канцелар оцени и дека берлинскиот процес, кој го воспостави неговата претходничка Ангела Меркел, е потврден како инструмент за зајакнување на конкретната соработка на Западен Балкан и додаде дека оваа соработка ќе се интензивира за да се постигне напредок во целиот западен Балканот во прашањата што се наведени.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб му се заблагодари на Солац што „слуша и ни помогна да се пробиеме во Европскиот совет кога станува збор за проширување на Западен Балкан“.

-Мислам дека канцеларот веднаш увиде колку е важно тие земји да станат членки на ЕУ, за сите земји од Западен Балкан да се најдат на патот кон Европа – рече Голоб.

Голоб нагласи дека официјалната посета на Шолц на 26 март е прва посета на германски канцелар на Словенија во последните 13 години.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.