Штелуван повик за интернет игри на среќа или ставање ред во онлајн-коцкањето

news
Advertisement

Однапред договорено сценарио за однапред договорени компании. Ова е оценката на домашните приредувачи на игри на среќа по владината одлука да овозможи основање на три нови фирми за приредување на игри на среќа на интернет.

Advertisement

Државната лотарија на Македонија на 11 септември распиша јавен повик за избор на три приредувачи на игри на среќа на интернет. Во повикот се бара заинтересираните фирми да имаат најмалку тригодишно искуство во приредување интернет игри на среќа, осумгодишно искуство во развој, поддршка и маркетинг на интернет платформа за игри на среќа и содржини на игри во две држави во Европа од кои една на Балканот и да има 40 милиони евра приход само од интернет игри на среќа.

Во Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија велат дека повикот е напишан за странски компании, на штета на домашните. Прво државата не ни дозволуваше да приредуваме интернет игри на среќа, а сега како услов бара да сме имале искуство во тоа, велат во Асоцијацијата.

„ЗАД СЕТО ОВА СТОИ ОДНАПРЕД ДОГОВОРЕНО СЦЕНАРИО И ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА УСЛОВИ КРЕИРАНИ ЗА ОДНАПРЕД ДОГОВОРЕНИ КОМПАНИИ ПРЕКУ ПОВИК КОЈ Е НЕЗАКОНСКИ“, ВЕЛАТ ВО АСОМ.

Државната лотарија вчера реагираше дека тие ќе имаат доминантна сопственост од 51 отсто во сите три нови компании за интернет игри на среќа.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска вели дека ова се прави заради одговорно и контролирано приредување игри на среќа од страна на државата. Граѓаните се обложуваат на интернет преку странски платформи. Сега парите ќе останат во земјава.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини дека јавниот повик за странски партнери на Државната лотарија е штелуван за да го добијат фирми блиски до „бугарската мафија“.

Ковачевски рече дека таква фирма со такво име досега не подигнала документација за да учествува во постапката за добивање лиценца.

Поранешниот функционер на ДУИ и основач на новоформираното Демократско движење Изет Меџити вчера обвини дека зад овие бизниси и одлуки стои ДУИ, односно Артан Груби.

Срѓан Стојанчов

Извор: https://telma.com.mk/2023/09/27/shteluvan-povik-za-internet-igri-na-srekja-ili-stavanje-red-vo-onlajn-kockanjeto/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.