Мицкоски ја прекинува интернет-кавгата со Груевски

news
Advertisement

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реши да не ги коментира најновите обвинувања кои на негова адреса пристигнаа од страна на екс-премиерот Никола Груевски. Во неодамнешното интервју за Инфомакс, Груевски кажа дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ шири манипулации и невистина за УСБ-то, кое според партијата, ги содржело измените на Кривичниот законик, а било креирано токму од екс-премиерот.

Advertisement

Груевски додаде и дека Мицкоски наместо да ја зајакне, создава раздор во партијата. Прашан дали стравува од намалување на избирачкото тело на ВМРО поради евентуално политичко активирање на Груевски, преку нова партија во која би членувала и скопската градоначалничка Данела Арсовска, Мицкоски денеска одговори:

„Немам што повеќе да додадам поврзано со тоа прашање. На сите им посакувам здравје и среќа и успех во работата и тоа што го работат“, рече Мицкоски.

Во меѓувреме, додека траат меѓусебни обвинувања во опозицискиот блок, реакции предизвикува и фејсбук-статусот на пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски. Многумина протолкуваа дека постои и раздор во СДСМ, откако тој напиша: „Социјалдемократи другари и другарки или ќе се држиме сите заедно еден до друг или ќе потонеме сите еден покрај друг. Време за помирување и обединување“.

Според премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, ова бил одличен и соодветен статус, а се однесувал на обединување на европскиот фронт.

„На европскиот фронт му треба обединување, затоа што пред нас има одлуки коишто ќе обезбедат европска иднина и европска интеграција на државата…“, рече Ковачевски.

Ковачевски вчера истакна дека на следните претседателски избори европскиот фронт од партии, кои се залагаат за европска интеграција на државата, ќе имаат заеднички кандидат. Тој ова го искоментира откако претходно од ДУИ најавија дека на изборите за шеф на државата би можеле да излезат заедно неколку албански партии и СДСМ.

Извор: https://alsat.mk/mk/mitskoski-ja-prekinuva-internet-kavgata-so-gruevski/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.