Што е потребно за неверојатен секс: Истражувањето открило кои 3 работи се клучни за да уживате во интимниот однос

news
Advertisement

Истражувачите од Универзитетот Мисоур откриле што го разликува прекрасниот секс од обичниот. Имено, станува збор за три работи благодарение на кои и двата пола особено уживаат.

Advertisement

Во истражувањето учествувале 78 лица од двата пола, во различна доба од животот, со различно потекло и сексуална ориентација.

„Се прашував дали луѓето ја делат дефиницијата за добар секс и дали тоа што јас го сметам за прекрасен секс воопшто е прекрасно и за некој друг? Одлучив да направам истражување и да дознаам“, изјавила авторката на истражувањето, Алиша М. Вокер.

Утврдено било дека три работи го прават сексот да биде извонреден, а тоа се оргазам, емоционална поврзаност и хемија меѓу партнерите. Некои луѓе се фокусирани исклучиво на тоа да доживеат оргазам, додека на другите им е важно и партнерот/партнерката да доживее оргазам.

„Имаше и жени кои сексот го сметаа за одличен само доколку доживеале повеќекратен оргазам, но и такви кои кажаа дека оргазмот не им треба за сексот со некого да им биде одличен“, изјавила таа.

Само 14 луѓе во истражувањето навеле дека емоционалната поврзаност им е важна. Осум од нив емоционалната поврзаност ја изедначиле со љубовта. Очекувано, жените им даваат предност на емоциите во сексот.

„Многу од жените сметаат дека мажите вложуваат во оргазмот на своите партнерки само кога и емоционално се вложуваат во сексот, а некои жени објасниле дека емоционалната компонента често го условува оргазмот“, пишува во истражувањето.

Поголем дел од луѓето кои учествувале во истражувањето исто така сметаат дека хемијата бара и физичка и емоционална реакција и дека нема „средина“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.