Што Се Случува Во Телото На Жената Која Нема Секс Подолго Време?

news
Advertisement

Отсуството на партнер може да го ускрати интимното задоволство, а многу жени се прашуваат дали е здраво или штетно ако немаат интимни односи подолго време.

Advertisement

Гинекологот Лиз Листер откри што се случува со женското тело во таа ситуација. Како што вели, жените се срамат да признаат една работа, а тоа се случува на која било возраст.

„Ова не е нешто што моите пациенти често го спомнуваат, веројатно затоа што се засрамени, но тоа е голем проблем! Колку подолго време помине без сексуален однос, толку е ќе биде односот следниот пат! Ова е затоа што ткивото станува опуштено и протокот на крв се намалува во таа област бидејќи телото не е навикнато да се подготвува за однос. Тоа е како вежбање, попријатно станува кога ќе се навикнеш“, објаснува гинекологот.

Многу експерти тврдат дека редовниот секс и оргазми се поврзани со посилен имунитет и подобро срцево здравје.

Гинекологот ве советува да користите лубриканти доколку долго време сте немале секс, а доколку сте соло користете лубрикатнт ако е потребно и со секс играчки.

Кога станува збор за контрацепција, Лиз Листер вели: „Колку помалку се мешате во работата на вашите хормони, толку подобро. Многу жени се плашат од спиралата бидејќи се користи повеќе од 40 години, но денешните спирали се многу поефикасни и модерни од претходните“.

Патем, истражувањето од 2013 година, кое беше објавено во списанието на Американскиот конгрес на акушери и гинеколози, откри дека гинеколозите избираат спирала трипати почесто од другите форми на контрацепција.

„Има причина за тоа: не само што се 99 отсто поефикасни, туку можат да ги контролираат тешките менструални циклуси и менструалните грчеви и да ослободуваат хормони локално, а не системски, како што прават контрацептивните таблети“, тврди гинекологот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.