Ѓоко Танески си ја најде сестра си после 45 години! Неописива радост во домот на охридскиот поп-пејач!

news
Advertisement

Голема радост е во семејството на познатиот македонски поп-пејач и некогашниот македонски представник на Песна на Евровизија, Ѓоко Танески. Него му се насмеа судбината, во онаа најубава смисла на зборот. Тој после 45 години си ја најде сестра си.

Advertisement

– Сфатив колку е важна фамилијата, вели многу радосно популарниот Ѓоле. Танески за цело ова време и не знаел дека има родена сестра. Тој тоа го откри во тв-емисијата „Нешто конкретно“ што ја уредува и води Снеже Велков.

-И ете така, сега живееме со сестра ми, како никогаш да не сме биле разделени, со силни емоции вели пејачот, од Охрид.

Вели дека овој семеен настан го промени. Па и самиот се прашува: – Навистина, што ми се промени? Разбрав, колку е важно, најважно да имаш за кого да се бориш. Ја сега имам да се борам за уште еден член. И не само за сестра ми, имам и уште двајца внуци. Луѓе мои, се збогатив! Се збогати моето семејството со повеќе души, отворено раскажа Ѓоко Танески.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.