Српскиот музичар Ѓорѓе Давид, кој минатииот викенд со автомобил усмрти жена на автопатот кај Табановце не ја напуштил Македонија. Тој се огласи на Инстаграм и објасни дека се уште е во Македонија и вели дека документите му се наоѓаат во Јавното обвинителство во Куманово.
Тој рече дека проблем му создаваат вестите што се појавуваат, а кои не се проверени и побара од сите да не го прават тоа.
– Имајте барем малку емпатија и разбирање за ситуацијата во која се наоѓам. Јас не сум ги добил своите документи, не сум ја напуштил Македонија. Моите документи се во Јавното обвинителство Куманово. Мене тоа ми прави проблем и предизвикува омраза кај овие луѓе кои мислат дека јас ви барам да го пишувате тоа. Ми ја отежнувате ситуацијата, ми правите пекол од животот. Кога ќе ги имам документите и кога ќе ја преминам границата, јас прв ќе се јавам – вели музичарот.