Ѓукановиќ не попушта за мандатот – вели дека е време за нови избори, за неговата партија да се врати на власт

news
Advertisement

Претседателот на Црна Гора и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ смета дека е време за нови избори за Црна Гора „да добие политички одговорна, компетентна влада“. Ѓукановиќ во Плевља, говорејќи на церемонијата на Младинскиот совет на ДПС во тој град, рече дека оваа влада, која повторно ќе ја состава неговата партија, „ќе продолжи да ја води Црна Гора преку градење граѓанска држава, подобрување на меѓуетничките и меѓуверските односи и достигнувајќи ги европските вредносни системи“. Долговечниот црногорски политичар деновиве предизвика нова политичка криза во земјата, одбивајќи го предлогот на парламентарното мнозинство за нов премиер да биде избран поранешниот дипломат Миодраг Лекиќ.

Advertisement

Тесното мнозинство достави до претседателката на Парламентот Данијела Ѓуровиќ 41 потпис за поддршка за предлогот пред Собранието да се покрене постапка за утврдување дали претседателот на Црна Гора го прекршил Уставот, односно постапка за отповикување на Ѓукановиќ, поради неговото одбивање на предлогот да му го врачи мандатот на Лекиќ.

Одбивајќи го предлогот Лекиќ да биде мандатар, Ѓукановиќ ѝ испратил на претседателката на Собранието и предлог за скратување на мандатот на 27-от состав на Парламентот, што би водело кон нови избори.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.