Јакимовски бара Мицкоски да одговори на колку години ја направил првата хидроцентрала

news
Advertisement

Застанат пред партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош побара Христијан Мицкоски да објасни како го стекнал својот имот во изминатите години. „Да нема забуни – во опис и попис на работните задачи на директорот на ЕСМ стои да гради хидроцентрали и да овозможува снабдување со електрична енергија, но хидроцентрали за државата и за народот, не за себе“, вели Јакимовски
По повиците на опозициската партија дека внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, треба да објасни како се здобил со својот капитал, првиот човек на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој извесен период беше и коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, исто прашање постави и до партискиот лидер Христијан Мицкоски – како тој се стекнал со својот имот.

Advertisement

Јакимовски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
„Мицкоски да одговори на колку години ја направи својата првата хидроцентрала. Дали тоа беше кога тој е советник во владата на Груевски, дали тоа беше пред да стане директор на ЕСМ, или првата хидроцентрала ја направи откако стана директор на ЕСМ? Да нема забуни – во опис и попис на работните задачи на директорот на ЕСМ стои да гради хидроцентрали и да овозможува снабдување со електрична енергија, но хидроцентрали за државата и за народот, не за себе. Тој во овој случај има градено за себе и затоа легитимно е прашањето на колку години тој стекна таков милионски имот“,

прашува Стевчо Јакимовски.
Тој смета дека прашањето не е тешко и лесно се одговара. Ако го прашувате Дрин Ахмети за имотот, тогаш и Мицкоски треба да каже за својот капитал, аргументира градоначалникот на Карпоош.

„…Треба да каже зашто сите го прашуваат ова младо момче, и навистина е чудно, толку млад да стекнеш толкав капитал, но имаме и претендент за власт во оваа држава и треба да видиме како тој, толку млад, го стекнал тој капитал и на колку години ја направи првата хидроцентрала“,

вели Јакимовски.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за матни зделки во купопродажбата на бизнис-центарот „Соравија“ во Скопје во која учествува и Дрин Ахмеди, сопственик на домашната фирма „Тор“, но и внук од брат на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Внукот на Ахмети со нула денари добива 39% од „Соравиа“ која должи 20 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ денеска информира дека има документи кои покажуваат дека Дрин Ахмети со ‘Тор индустрис’ и уште една фирма е вклучен во изградбата на Коридорот 8 за што ќе наплати 1.3 милион евра.

Ковачки тврди дека внукот на Али Ахмети работи како подизведувач на Коридорот 8 и други патишта.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.