Јанушев ја објави полициската телеграма – зошто МВР не го барала фризерот Панче?

news
Advertisement

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на социјалните мрежи објави полициска телеграма која покажува дека полицијата уште на 24 ноември знаела дека Панче и неговиот автомобил се пријавени како исчезнати.

Advertisement

Јанушев го прашува министерот Спасовски зошто полицијата не постапувала.

Опозицијата веќе подолг период го обвинува МВР дека не постапило соодветно потенцирајќи дека ако полицијата си ја вршела својата работа и го барала возилото на Панче, Вања немаше да биде убиена.

Гледам дека Спасовски решил да „глуми глув и слеп“, што впрочем е се што прави пред криминалот во сите овие 9 години министерување.

Спасовски, СВР Велес на 24.11 ги известува буквално сите во МВР дека Панче Жежовски последен пат е виден во дворот на своето живеалиште од страна на својот сосед на 22.11 околу 11:00 часот. Исто така, констатирано е дека возилото на Панче – Citroen BX (VE2931AD) го нема и констатирале дека Панче заминал со возилото.

За тоа дека Спасовски лажеше пред целокупната јавност нема да коментирам!

Но, затоа повторно ќе прашам – дали постои било каков акт (правилник, упатство) со кој е пропишана постапката по кој треба да постапуваат полицајците во вакви случаи? Дали е сосема нормално да се чека 2 дена за СВР Велес да прати известување, особено ако се земе предвид дека станува збор за лице со Паркинсова болест?

Дали е нормално и вообичаено постапување на полицијата да не се бара возилото, особено ако од старт се знае дека лицето заминало токму со возилото?

Значи, Спасовски, има ли оперативни процедури по кои се постапува или секој постапува како што сака или како ќе „му дојде“ во моментот, пишува Јанушев на Фејсбук.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02uHbrNsU36Ag53a4xwJHCVcPnCZvVcaqfE2PhJse6J3DZCD7zjpvY3dUU6NNSxjhzl&id=100047266905763&mibextid=Nif5oz

Извор. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/janushev-ja-objavi-politsiskata-telegrama-zoshto-mvr-ne-go-barala-frizerot-panche/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.