Јулија Мациевска: Мајка, која го изгубила своето дете, плаче… многу поинаку од секој плач, од дното на душата

news
Advertisement

Андријана Мациев, ќерката на пејачката Јулија, на 12 мај го напушти овој свет, по долга борба со болеста.
Неутешната мајка, деновите потоа, заблагодарувајќи се на поддршката од пријателите и познаниците од сите страни, се присеќаше на животот на своето чедо во статус на социјалните мрежи.

Advertisement

Стефанија, ќерката на Адријана, која е актерка и игра во театарот Комедија направила нешто многу храбро. И покрај тоа што нејзината мајка Андријана се упокои скоро, таа застанала на сцената на театарот „машки„ ја изиграла нејзината улога.
– Синоќа на даските што живот значат-Театар Комедија, моето сонце Стефанија блескаше во улогата на Нина, величествена како вистински галеб, во преставата ,,Галеб” од А.П.Чехов

Стефанија оваа улога, оваа престава ја играше и ја посвети за својата мајка, за Андријана, за нашиот Ангел Небесен.
Благодарност на целата екипа од претставата,за сета маестрална енергија која ја донесоа на сцената и направија незаборавно доживување“, напишала Јулија која е горда на својата внука.
Јулија постојано објавува слики со своето чедо, а пред неколку дена напиша многу емотивен текст за своето ангелче:
,,Мајка, која го изгубила своето дете, веќе никогаш не може да бида иста. Мајка, која го изгубила своето дете, изгубила дел од себе, затоа чувствува празнина, која со ништо не може да се надокнади.

Мајка, кога го изгубила своето дете, се буди со помислата на него, легнува навечер, пак со помислата на него. Мајка, која го изгубила своето дете, не може да се откаже од ништо што е негово и ја потсеќа на него.
Мајка, која го изгубила своето дете, има чувство дека е тука некаде, па постојано му се обраќа или се обраќа на неговата слика, која секогаш и е на ударно место
Мајка, која го изгубила своето дете, по навика оди во неговата соба да го разбуди. Мајка, која го изгубила своето дете, ги бакнува неговите алишта, ги мириса, за да го осети мирисот, допирот на своето дете.
Мајка, која го изгубила своето дете, не може да замисли, дека тоа е изгубено засекогаш. Мајка, која го изгубила своето детем не може да го изговори зборот ,,мр тво.”

Maјка, која го изгубила своето дете, верува дека тоа е жи во, во друг облик, но жи во. Мајка, која го изгубила своето дете, ако поверува во см рттa, може да и’ се случи да полу ди или да ја снема и неа, зашто таа веќе не се жали себе, таа е спремна да го даде сопствениот живот за своето дете.
Мајка, која го изгубила своето дете, прави се’ што тоа дете сакало, зашто тоа ја поврзува со него, а го чувствува и него дека постои размена, разбирање на некое друго ниво.

Мајка, која го изгубила своето дете, плаче… многу поинаку од секој плач, таа плаче од дното на душата… одеднаш… само доаѓа.
Мајка, која го изгубила своето дете, постојано е во молитва, која е срасната со неа, зашто има само една желба – нејзиното дете да е под закрила Божја и на најубаво место во царството Небеско.
Мајка, која го изгубила своето дете, се труди да го сочува секој спомен на своето дете. Мајка, која го изгубила своето дете, јаде со него, оди со него каде и да замисли, купува, патува, му раскажува за тековни нешта, дури му бара и помош, зашто знае што најдобро знае нејзиното дете.

Мајка, која го изгубила своето дете, ги следи знаците на патот, зашто почнува да учи нов јазик на комуникација со своето дете.
Мајка, која го изгубила своето дете, може надворешно да изгледа сосема нормално, но во себе, само таа знае низ што минува, раната боли, срцето мајкино kpвари.

Мајката, која го изгубила своето дете, веќе никогаш не се смее како порано. Мајката, која го изгубила своето дете, верува дека тоа е Ангел на Небото.
Мајката, која го изгубила своето дете, иако често се прашува ЗОШТО???, верува уште повеќе во Бога, и само затоа што е сигурна во Божјата милост, иако страда бескрајно многу, како Марија што страдаше за Исус рас пнат на крстот.
Ја разбира голготата по која минала и продолжува понатаму да чекори, пак за своето дете… Мајката на Живиот Ангел Небесен АН, Јулија од срце.”

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.