МИНИСТЕРОТ ШАЌИРИ СО ПОРАКА Ако има енергетска криза училиштата последни да затворат и први да отворат

news
Advertisement

Случајот со енергетската криза е голем предизвик, образовните институции да бидат последните институции што треба да затворат ако се случи такво нешто, а ако се случи за сите такво нешто, први што треба да се отворат треба да бидат образовните институции затоа што наставата со физичко присуство дава свои резултати, рече министерот

Advertisement

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во интервју за Алсат-М вели дека доколку поради енергетската криза се случи да треба да затворат некои институции, училиштата се последни што треба да го сторат тоа и први што треба да отворат, затоа што наставата со физичко присуство е подобра и дава резултати.

– Случајот со енергетската криза е голем предизвик, образовните институции да бидат последните институции што треба да затворат ако се случи такво нешто, а ако се случи за сите такво нешто, први што треба да се отворат треба да бидат образовните институции затоа што наставата со физичко присуство дава свои резултати, наставата со физичко присуство е подобра и видовме од сите статистики какви проблеми и каков застој имаше со онлајн настава. Со тешкотиите што ги имавме последниве години во период од неколку години, овие тешкотии со физичко присуство се надминуваат – рече Шаќири

Тој вели дека оваа година ќе започне 1 септември и дека се направени сите подготовки за тоа да се случи и нагласи дека годинава наставниците ќе бидат дополнително мотивирани со зголемувањето на платите за 15 отсто.

– Оваа учебна година која ќе започне на 1 септември ќе почне подобро од сите други учебни години и тоа од повеќе причини. Една од нив е и тоа што сите наставници како што знаеме од претходниот процес, кога имавме преговори, оваа учебна година ја започнуваат со поголеми плати за 15 отсто. Од септември наставниците во основното и средното образование ќе имаат поголеми плати – рече министерот.

Тој вели дека за оваа година е обезбедена поголема образовна помош и најави дека за разлика од минатата година, кога имало 500 асистенти, оваа година ќе има 720.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.