ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ НА „САМО ВИСТИНА“: Добро би било и да истепаат некој гостин наредниот пат

news
Advertisement

Реакции во јавноста има откако синоќа во „Само вистина“ на Канал 5 настана скандал, по што директорот Иван Мирчевски се вклучи во живо и ја прекина емисијата во која гостуваше политичарот Исмет Рамадани. Причина беше тоа што Рамадани се жалеше дека Албанците се дискриминирани и упатуваше забелешки до водителот Александар Видиновски дека следел што се говорело за Албанците во претходните емисии.

Advertisement

Претседателот на ВМРО-Народна партија и поранешен премиер Љубчо Георгиевски го нарече „голем срам за македонското новинарство“ синоќешниот инцидент на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, во кој емисијата беше прекината, а гостинот Исмет Рамадани беше избркан.

Канал 5 ТВ поставува нови стандарди во македонското новинарство. Добро би било и да истепаат некој гостин наредниот пат. Ваков примитивизам во 30 години демократија немаме видено, а мислам дека и во светското новинарство нема ваков преседан. Голем срам за македонското новинарство“, коментира Георгиевски.

Дека постапките на Рамадани се неоправдани тврди професорката Мирјана Најчевска, која потенцира дека поранешниот пратеник треба да одговара за поттикнување етничка и национална нетрпеливост.

Извор: https://faktor.mk/ljubcho-georgievski-za-skandalot-na-samo-vistina–dobro-bi-bilo-i-da-istepaat-nekoj-gostin-naredniot-pat

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.