Ќе биде ли екстрадиран Груевски овој пат?

news
Advertisement

Министерството за правда најавува дека ќе поднесе нови барања за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во Унгарија, како и на осудените во случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демир кои се во Косово.Досега барањата на Министерството за правда за екстрадиција беа одбивани. За поранешниот премиер Груевски првото барање за екстрадиција беше поднесено во ноември 2018 година, а дополнување на барањето имаше и во јуни 2019 година.

Advertisement

Но, одговорот на унгарските власти беше негативен. На 5 август 2019 година Унгарија одговори дека Никола Груевски добил политички азил и во согласност со нивниот закон, ова лице не може да биде предадено на земјата од која побегнал.

Министерството за правда прво побара екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Република Косово на 15 март 2013 година. Барањето беше отфрлено со пресуда на Основниот суд во Приштина во октомври 2015 година, додека во јануари 2016 година барањето беше одбиено и од Апелациониот суд на Косово.

Но, на 5 септември 2018 година, Министерството за правда повторно побара од косовските власти да ги екстрадираат Демири и Исмаиловиќ. На 8 октомври лани, Министерството за правда на Косово одговори дека екстрадицијата за Африм Исмаиловиќ е одбиена, но за Алил Демири не одговори ништо. Во одговорите на косовските власти се наведува дека во барањето недостасувале факти за екстрадиција.

Апелациониот суд во Скопје пред неколку дена ја потврди првостепената пресуда за случајот „Монструм“ со која Демири и Исмаиловиќ во отсуство се осудени на доживотен затвор.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.