Ќе има ли директни разговори меѓу власта и опозицијата за уставните измени?

news
Advertisement

Шаховска игра меѓу власта и опозицијата за промена на Уставот- ќе има ли победник или шах- мат на европската иднина?

Advertisement

Седум месеци по отворањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ, а во Македонија нема консензус, дали и кога, ќе бидат вметнати Бугарите во македонскиот устав. Владата повикува на суштинска дебата, опозицијата и понатаму бара предвремени парламентарни избори.

Вицепремиерот Маричиќ денеска испрати порака до ВМРО-ДПМНЕ.

– Мислам дека е време со ВМРО- ДПМНЕ да разговараме, дали јавно или вон очите на јавноста, сеедно, да почне суштинска содржинска расправа околу уставните измени, зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот, како тоа нам, на Македонците ни е проблем, како тоа може да не загрози. Доколку влеземе во таква дискусија, верувам дека ќе дојдеме до разумни аргументи, дека е навистина трагично да ја блокираме сопствената држава на патот кон Европската Унија поради ова прашање. – изјави Маричиќ за МРТВ.

А од опозицијата му одговорија да не троши енергија за дискусија која нема да го промени нивниот став. Порачаа дека единствената тема за која може да разговараат се парламентарни избори.

– Маричиќ нема мандат ниту овластување од граѓаните да разговара нешто што не е одобрено од граѓаните. Наместо да троши енергија за тоа, Маричиќ нека започне да се занимава со решавање на проблеми како и со акутната неспособност на власта. – изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

На површина излегува дека власта нема мнозинство за уставни измени, наспроти кампањата која ја тераше цела година дека се на прагот.

Македонија, според преговарчката рамка, која ја прифати, мора да го промени Уставот и да ги вметне Бугарите во него, ако сака да го продолжи европскиот пат. Бугарскиот претседател Радев, пред само два дена, од Атина му порача на официјално Скопје дека без овој чекор, преговорите на земјава со ЕУ не можат да започнат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.