Ќе се плаќаат ли пенали на Бехтел и Енка?

news
Advertisement

Откако изминаа 45те дена од потпишувањето на договорот со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10д, почна да тече и рокот за обрската на владата да плати пенали со оглед дека во овој период не се измени Законот и не се воведе 60 часовна работна недела. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски уверува дека државата во овој момент ништо не е платено за пенали но и дека ќе се запазат процедурите околу дозволите за градење.

Advertisement

-Досега не се исплатени средства кон компанијата. Првата исплата на средства би била авансот за отпочнување на градежните работи и секој исплатен денар што ќе биде од страна на Владата и државата кон ЈПДП а потоа и кон изведувачот ќе биде објавен на сајтот на Јавни финансии. Бидејќи овој проект предвидува фазно градење и проектирање на поедини делови од една делница, тоа значи дека не може државата да издава десет пати одобрение за градење за една иста делница. – Благој Бочварски – Министер за транспорт и врски

Одредбата за пеналите од договорот чии делови неодамна беа објавени предизвика најсилни реакции во јавност. Се работи за суми во износ од 53 милиони евра, плус допопнителни 1 милион 265 илјади евра месечно додека трае договорот. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и повторно обвини дека државата ќе плаќа милионски суми народни пари но и дека автопатите ќе можат да се градат без одобрени за градба.

-Поминуваат 45 дена од денот на потпишување, Законот за работни односи не е сменет, односно работната недела е 40 часа, не е 60 како што тоа е предвидено во договорот. И од денеска стартуваат пеналите, односно еднократно ќе треба да платите 53 милиони евра на Бехтел и Енка. А потоа секој месец ќе треба да плаќате по повеќе од 2 милиони евра, за секој ден доцнење, за секој месец. Вие, граѓаните. Зашто? Затоа што некој одлучил да ве краде. И затоа ја повикувам македонската јавност, граѓаните да застанат против ова, би рекол историско злодело а не историски проект. – Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО ДПМНЕ

Од СДСМ пак тврдат дека ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се против инвестиција во инфраструктурата.

-Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека државата ќе плаќала пенали ако во Собранието не се донесе пакетот закони поврзани со изградба на коридорите. Излажаа и дека ќе се кршат работничките права на ангажираните работници за изградбата на овој стратешки проект во којшто 600 милиони евра ќе завршат кај домашните компании.

Рокот за реализација на договорот со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10 д почна да тече од вчера, а од Министерството за транспорт и врски соопштија дека првично ќе се оди на подготовки преку снимање на теренот, проектирање и утврдување локации за кампови за работници и градежни машини, без да откри конкретни места. Содржината на договорот на кој беа ставени потписи на 8ми март и тежи милјарда и 300 илјади евра, останува тајност за пошироката јавност. Откако девет опозициски пратеници испратија барање до Премиерот, увид во него ќе имаат само пратениците со безбедносен сертификат.

]

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.