Џафери-Коцевски: Изборите се од исклучителна важност во однос на очекувањата за напредокот на земјава во процесот на евроинтеграцијата

news
Advertisement

Во фокус на средбата било одржувањето на претстојните парламентарни и претседателски избори во фер и демократска атмосфера, а во тој контекст била потенцирана потребата од ефикасно дејствување на сите надлежни институции
Претстојните избори во земјава се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Северна Македонија во процесот на интеграција во Европската Унија. Ова, на денешната средба во Владата заеднички го заклучиле техничкиот премиер Талат Џафери и републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Advertisement

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски и премиерот во техничката влада Талат Џафери / Фото: Влада
Во фокус на средбата, реализирана на барање на Џафери, било одржувањето на претстојните парламентарни и претседателски избори во фер и демократска атмосфера, а во тој контекст била потенцирана потребата од ефикасно дејствување на сите надлежни институции.

„Од двете страни се нагласи и очекувањето дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност“,

информираат од владината прес-служба во однос на средбата Џафери-Коцевски.

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски и премиерот во техничката влада Талат Џафери / Фото: Влада
Џафери за време на средбата ја истакнал владината недвосмислена определба за реализација на избори коишто ќе ја одразат реалната волја на граѓаните. Додал дека активноситите кои ги спроведува Владата се одвиваат според законските надлежности и оти владините членови се водат од наратив за позитивна клима во предизборието.

„Јавниот обвинител Коцевски ја поздрави оваа иницијатива на премиерот Џафери, која е во насока на координирање на активностите за успешно спроведување на изборите, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес и изрази целосна поддршка за премиерот во секоја фаза во насока на препознавање индиции и пресретнување на евентуални дела спротивни на заложбите за спроведување законски и фер изборни процеси“,

Првиот круг од претседателски избори се одржуваат на 24 април, а на 8 мај вториот круг од претседателските заедно со изборите за пратеници.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.