Џафери: Немам комплекси со што доаѓам на работа, дали со мерцедес или приватно

news
Advertisement

Талат Џафери денеска ја презеде функцијата од досегашниот премиер Димитар Ковачевски. Тој на прес-конференцијата со новинарите рече дека не пати од тоа со какво возило ќе доаѓа на работа.

Advertisement

„Иронијата за мерцедесот верувам дека не е во служба на никого, јас немам комплекс со што доаѓам, дали со мерцедес или приватно ќе си одам дома, рече Џафери, кој беше пречекан со песна во Форино, истиот ден кога ја презеде функцијата технички премиер. Беше пречекан пред капијата на неговиот дом во вечерните часови, а тој пристигна во придружба на полиција во „мерцедес“.

„Без оглед колку ќе трае оваа влада, во ниту еден миг нема да отсуствува редовното функционирање на инситуцијата, соработката и инклузивноста во работата на Владата, обезбедувајќи секој сегметн или министерство да бидат транспарентни и ефикасни и во служба на граѓаните“ рече премиерот Џафери.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.