Џафери ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум

news
Advertisement

Одбиена иницијативата за референдум, за ВМРО-ДПМНЕ одлуката е неоснована, СДСМ ја поддржува

Advertisement

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, образложувајќи дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека иницијативата е во сoгласност со чл.24 од Законот за референдум и порачаа дека Џафери нема основа да ја отфрли, додека од владејачката СДСМ ја поддржаа одлуката на Џафери поради тоа што и тие ја сметаат за неуставна.

Џафери во одговорот до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски наведе дека граѓанската иницијатива за распишување на задолжителен референдум на државно ниво, за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија (објавен во Службен весник бр. 12/2018 од 18.01.2018 година), не е во согласност со член 118 од Уставот на Република Северна Македонија, како и со членот 8, став 1, алинеја 11 од Уставот на Република Северна Македонија./libertas

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.