📷 ТЕПАА КОГО ЌЕ СТИГНАТ, НИ КРШЕА РАЦЕ, НОЗЕ, ЗАБИ… Затвореници од „Идризово“ тврдат дека полицијата користела прекумерна сила

news
Advertisement

Дел од затворениците испратија фотографии до редакцијата на Плусинфо на коишто се гледаат црвенила по нивните тела, скршеници и повреди на вратот.

Advertisement

Затвореници од КПУ „Идризово“ се жалат дека завршиле со тешки повреди, па дури и со скршеници, откако денеска биле нападнати од полицијата во затворот.

Дел од затворениците испратија фотографии до редакцијата на Плусинфо на коишто се гледаат црвенила по нивните тела, скршеници и повреди на вратот.

Според нивните сведоштва, полицајците воопшто не бирале по кого да удрат.

– Сите нѐ тепаа, од прв до последен. Над 150 души сме истепани. Има камери од видеонадзорот, слободно побарајте ги снимките и ќе видите како нѐ малтретираат. Сѐ ни искршија, телевизори, прибор за јадење, облеката ни ја зедоа и нѐ тераа да ја фрлиме во ѓубре. Има над 100 повредени затвореници со скршени раце, нозе, заби – се жали еден од затворениците.

Инаку, денеска полицијата соопшти дека при претрес во полуотвореното оддление во затворот „Идризово“ биле пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога. Во акцијата, како што соопшти МВР, биле повредени затвореници, но и полициски службеници.

При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности. Притоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, а со повреди се здобиле и дел од затворениците. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Остра реакција пристигна и од политичката партија Демократско движење:

„Како што дознавме, во затворот Идризово од страна на полицијата брутално биле претепани околу 50 затвореници. Иако вистинските мотиви не се познати, сликите кои се објавија во јавност покажуваат дека овие затвореници биле третирани на најлош нечовечки начин. Ова констатација уште повеќе го потврдува пренесувањето на истите во Државна болница каде им се укажува прва помош. Државните органи, кои ја применија ова бруталност, треба да знаат дека и затворениците ги имаат своите права утврдени со закон затоа што и тие се човечки суштества. Додека Али Ахмети, Артан Груби и Кренар Лога, со сета сила се ангажирани да ги помилуваат делата на поранешните корумпирани и криминализирани функционери, додека Мијалков лежеше во затвор организира милионска свадба за неговиот син, додека се врши притисок врз судиите за да ги ослободат обвинетите владини лица, додека се потрудат да ги ослободат терористите од настанот 27 Април каде најтешко патеше Зијадин Села, додека ни збор не се слуша од властите за Албанците кои издржуваат казната затвор за монтирани случаи, додека вооружени конфликти се случуваат во јавни места заканувајќи го животот на граѓаните, актуелната власт ја покажува неговата сила со специјалната единица која брутално ги претепа затворениците“, соопшти Демократско движење.

Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи, мора да дадат објаснување за јавноста, бидејќи со самиот факт дека во болница завршиле околу 50 затвореници, се покажува дека нешто сериозно се случило, додава партијата.

„Објаснувањето треба да биде адекватно и аргументирано, бидејќи во јавноста постојат различни верзии за овој настан, кој сепак можел да има поинаков епилог со помалку последици. Ако, како што се вели од полиција се пронашле толку забранети предмети во затворот Идризово, тогаш ова покажува дека раководството на оваа институција треба да се изјасни пред надлежните органи“, се вели во соопштението.

Извор: https://plusinfo.mk/tepaa-kogo-e-stignat-ni-krshea-race-noze-zabi-zatvorenici-od-idrizovo-tvrdat-deka-polici-ata-koristela-prekumerna-sila/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.