Во последниов период на социјалните мрежи се споделуваа многу различни информации за вложување пари во интернет апликациите како Конти и слични. Додека едни уверуваат дека овие апликации се одличен извор за брза заработка, други се жалат на измама и губење многу пари. Скандалот со шемата Конти покажува неколку работи, пишува на социјалните мрежи професорката Тамара Јованов. 1. Финансиската писменост е ниска. 2. Трката по материјалното е остра. 3. Сиромаштијата бара решение и често не бира средства. 4. Луѓето се склони кон неразумен ризик и лесно веруваат на муабет. 5. Многумина сакаат брзи и лесни пари и не мислат на изворот, начинот, ефектот. 6. Систем за заштита од разни онлајн измами нема. 7. Социјален доказ (види и тој прави така) како механизам и тоа како фунционира да продадеш идеја/продукт. 8. Фокусот е на глупости, наместо на создавање вредност (се кладам дека многумина ова го правеле и на работно место). 9. Фали едукација по низа основи. 10. Пак ќе се јави слична шема и пак ќе биде слично. (Фејсбук статус на Тамара Јованов)

10 работи кои ги покажува скандалот со шемата КОНТИ во Македонија
Advertisement
Advertisement
Advertisement