11 канали на „Телеграм“ блокирани во Русија поради терористичка содржина

news
Advertisement

Руската агенција за следење на комуникациите „Роскомнадзор“ го ограничи пристапот до 11 канали на платформата „Телеграм“ поради терористичка содржина во последните два дена, објави агенцијата РИА.

Advertisement

„Од терористичкиот напад во концертната сала ‘Крокус сити хол’ спроведуваме насочен мониторинг. Ги бележиме фактите за намерното ширење разни невистини по терористичкиот напад – фалсификати и повици за екстремистички активности“, соопшти „Роскомнадзор“.

РИА наведува дека на барање на „Роскомнадзор“ биле отстранети околу 600 документи со терористичка содржина или има забранет пристап до нив. 28 март, 2024Од М. Т. / Макфакс

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.