Приказната на Амајра од Велика Британија предизвика силни реакции откако таа побара совет од психологот Ива на порталот ideapod.com. Нејзиното искуство потсетува и на сличен случај од Македонија, кога жителка на Битола минатата година добила порака од љубовницата на сопругот со покана за „разговор на кафе“.
Амајра во писмото објаснува дека во јануари оваа година нејзиниот партнер признал дека ја изневерувал поголемиот дел од минатата година, иако биле заедно 12 години.
„Кога ми призна, решив да ставам крај. Да, минувавме низ тежок период последниве години, но за мене тоа не е оправдување за неверство. Тоа беше негов изговор“, пишува таа.
Неколку дена подоцна, следувал нов шок. Жената со која партнерот ја изневерувал ѝ испратила порака на социјалните мрежи.
„Се извини, рече дека се чувствува лошо што ја уништила нашата врска. Искрено, колку и да не ја сакам, не ја обвинувам директно за распадот. Одговорноста е негова“, наведува Амајра.
Но пораката не завршила тука. Љубовницата предложила средба на кафе, со цел „да разговараат и да ја расчистат ситуацијата“.
„Од тој момент не можам да престанам да размислувам. Не знам дали воопшто вреди да ѝ одговорам или едноставно да продолжам со својот живот. Не сме познанички, па не знам кои ѝ се вистинските намери“, пишува таа и завршува со зборот:
„Помош!“
Исповедта отвора прашање што го мачат многу жени:
👉 Дали ваквите средби носат затворање на раните – или само отвораат нови?