Најмалку 16 лица, меѓу кои и четири деца, го загубија животот откако автобус се преврте на регионален пат во сојузната држава Алагоас, во североисточен Бразил, соопштија властите.
Автобусот, со околу 60 патници, се враќал од верски фестивал кога излетал од патот на свиок во руралната област на градот Сао Жозе да Тапера. Дел од патниците биле исфрлени надвор од возилото, додека други останале заглавени под урнатините.
Според владата на Алагоас, меѓу жртвите има седум жени, пет мажи и четири деца. Преживеаните, меѓу кои и едно дете во тешка состојба, биле пренесени во болница. Причините за несреќата се под истрага.
Гувернерот Пауло Дантас прогласи тридневна жалост во државата и изрази сочувство до семејствата на жртвите. /Klankosova.tv