„Пари“: 100 најголеми работодавачи: 78.329 вработени, им прават 450 милиони евра профит

news
Advertisement

За разлика од социјализмот кога огромните хали беа во Скопје, и во релативна близина на центарот на градот, за што се уште сведочат напуштени, или продадени објекти на чие место никнуваат висококатници, новата индустријализација која зеде замав со слободните индустриски зони, најмногу работнци регрутираше тому во компаниите во овие зони. Зоните почнуваа да никнуваат во разни градови, со цел да се постигне некаков регионален равој и да се врати животот надвор од Скопје. Така, најголемите работодавачи не се во метрополата. Тие се во Кавадарци, Битола и во Кочани. Заедничко за сите три топ работодавачи е што тие се дел од странски корпорации кои работат за светската автомобилска индустрија.

Advertisement

Порталот „Пари“ ги анализираше 100-те најголеми работодавачи во државата, а посебен осврт направи на 10-те најголеми.

100- те најголеми работодавачи во Македонија лани вработиле 78.329 работници. Благодарение на нив, компаниите од различни дејности, направиле промет од 7,3 милијарди евра, а вкупната добивка им била 456 милиони евра, покажуваат податоците на платформата БизнисМрежа.мк.

Кај истите овие работодавачи, мината година биле вработени 76.598 работници, односно 1.731 помалку. Во 2020 година, тие направиле вкупен приход од 6,2 милијарди евра, но притоа треба да се земе во предвид дека во 2021 година веќе почна инфлацискиот тренд, а повисоките цени, секако дека имаа влијание на зголемувањето на износот за направениот промет. Во 2020 година овие компании направиле добивка од 350 милиони евра, што значи дека лани компаниите биле попрофитабилни за дури 156 милиони евра.

КОИ СЕ ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ?

Во првите 10 најголеми работодавачи во 2021 година работеле 25.647 работници. Во 2020 година, пак, во истите овие компании работеле 25.443 работници, или 204 работници помалку.

Она што може да се забележи е дека од ТОП 10 работодавачи, само четири се во Скопје, додека другите се во другите градови.
Најголемиот работодавач е во Кавадарци, а тоа е компанијата ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА. Во 2020 година, ова компанија беше втор најголем работодавач. Да потсетиме, станува збор за компанија за производство на електрична и електронска опрема за моторни возила. Компанијата минатата година направила приход од 60,7 милиони евра, а добивката и била 2,7 милиони евра.

Вториот најголем работодавач бил КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА БТ од Битола, поточно од индустриската зона Жабени, со 5.368 вработени. Ова компанија има мало намалување на бројот на вработени во однос на 2020 година. Тоа, како и растот на вработените во ДРЕКСЛМАЈЕР ја турнаа компанијата на второ место по број на вработени, иако во претходните години беше најголем работодавач. И оваа компанија е од дејноста производство на електрична и електронска опрема за моторни возила. Компанијата лани направила приход од 211 милиони евра, а добивка од 2,5 милиони евра.

Третиот најголем работодавач е АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ од Кочани. Во оваа компанија лани работеле 2.185 работници, дури 357 повеќе отколку во 2020 година. Тоа ја довело компанијата лани на третото место по број на вработени, додека во 2020 година била на 7-мо. Оваа компанија е дел од американска корпорација, во Кочани има повеќе погони , а тие произведуваат кабли за автомобилската индустрија.

Еве кои се 10-те најголеми работодавачи во 2021 година:

ОД 10-ТЕ НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ, САМО ДВА СЕ ВО ТОП 10 ПО ДОБИВКА

Податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажуваат дека од овие 10 најголеми работодавачи, само два се во друштвото на ТОП 10 компании по добивка, а тоа се „Макпетрол“, каде со 1.870 вработени е направена добивка од 22,3 милиони евра и „Алкалоид“, каде со 1.860 вработени е направена добивка од 20,8 милиони евра.

Ако пак, се споредат ТОП 10 компании со најголем приход во однос на ТОП 10 работодавачи, може да се види дека и во едната и во другата група се само „Макпетрол“ со приход од 365,5 милиони евра и „Кромберг и Шуберт“ со приход од 211 милиони евра.

КОЛКАВ ПРИХОД И ДОБИВКА НАПРАВИЛЕ НАЈТРУДОИНТЕНЗИВНИТЕ КОМПАНИИ?

|ВО ЕВРА|

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.