21 година од стравичниот терористички напад во САД во кој загинаа речиси 3000 луѓе

news
Advertisement

На денешен ден пред 21 година се случи најтешкиот терористички напад во историјата на Соединетите Американски Држави.

Advertisement

Речиси 3.000 луѓе загинаа во нападот на Њујорк и Вашингтон, додека 343 пожарникари ги загубија животите обидувајќи се да го изгаснат пожарот, а само 20 луѓе успеаја да побегнат од под урнатините.

Најсмртоносниот терористички напад на Америка започна во вторник, на 11 септември во 8:46 часот, кога патнички авион на Американ ерлајнс се урна во Северната кула на Светскиот трговски центар.

Ударот на вториот киднапиран авион во јужната кула на Светскиот трговски центар се случи 17 минути подоцна и беше виден во живо од милиони луѓе на телевизија. Терористите киднапирале четири авиони, според извештајот на американската комисија.

Третиот удри во Пентагон во 9:37 часот. Четвртиот удрил во поле во Пенсилванија во 10:03 часот. За овој авиион се верува дека патниците им се спротивставиле на киднаперите и успеале да го соборат.

Осама бин Ладен, лидерот на Ал Каеда ја презеде одговорноста за самоубиствените напади, по што следеше војната во Авганистан./brif.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.