30 дена притвор за осомничениот Урош Б. за убиствата кај Младеновац и Смедерево

news
Advertisement

30 дена притвор за осомничениот Урош Б. за убиствата кај Младеновац и Смедерево

Advertisement

На Урош Б., осомничен за маскрот кај Младеновац и Смедерево одреден му е притвор од 30 дена, јави РТС, повикувајќи се на извори од Вишото јавно обвинителство во Смедерево.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
„Осомничениот за масовното убиство во околината на Младеновац и Смедерево вчера ги призна кривичните дела, наведувајќи, меѓу другото, дека со автоматска пушка и пиштол на три локации на територијата на Смедерево и Младеновац пукал врз повеќе лица кои биле во група, а кои не ги познавал со цел да го заплаши населението”, соопшти Вишото јавно обвинителство во Смедерево.

Оттаму додаваат дека осомничениот Урош Б. на 4 мај во доцните вечерни часови на територијата на на Смедерево и Младеновац со автоматско оружје уби осум, а се обидел да убие уште 12 лица.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.