Advertisement
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 345 возачи.
Advertisement
Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 198 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 147 надвор од населено место
Advertisement